НАД 45.000 МРТВИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈА И СИРИЈА, МАЖ ВО ХАТАЈ ПРЕЖИВЕА 278 ЧАСА ПОД УРНАТИНИТЕ

    НАД 45.000 МРТВИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈА И СИРИЈА, МАЖ ВО ХАТАЈ ПРЕЖИВЕА 278 ЧАСА ПОД УРНАТИНИТЕТурција и Сирија не излегоа со проценките колку луѓе и натаму се исчезнати (Фото: АП)

    Бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија надмина 45.000, но се очекува трагичниот биланс да биде поголем бидејќи само низ Турција се уништени 264.000 станови. Единаесет дена по земјотресот, тројца преживеани вчера беа извлечени од урнатините, вклучувајќи го Хакан Јашиноглу, кој беше спасен во јужната провинција Хатај по цели 278 часа.

    Според последните информации, во Турција загинале најмалку 39.672 луѓе, како и над 5.800 во Сирија, која веќе неколку дена нема објавено нови бројки.

    Иако повеќето меѓународни спасувачки тимови ја напуштија широката земјотресна зона, домашните тимови продолжуваат да пребаруваат по урнатините на уништените згради, со надеж дека ќе најдат уште преживеани. Експертите велат дека најголем број спасувања се случуваат во првите 24 часа по земјотресот.

    Триесет и четиригодишниот Мустафа Авчи беше спасен по речиси 11 дена под урнатините во историскиот град Антакија. Додека го изнесуваа, тој беше вклучен на видеоповик со родителите, кои му го покажаа новороденото бебе.

    Целосно ја изгубив надежта. Ова е вистинско чудо. Ми го вратија синот. Ги видов урнатините и си реков нема шанси некој да преживеал таму“, изјави таткото на Авчи.

    Хуманитарните организации велат дека на преживеаните ќе им треба помош со месеци зашто огромен дел од клучната инфраструктура е уништен. Турција и Сирија не излегоа со проценките колку луѓе и натаму се исчезнати.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира