НАД 50 ЗАГИНАТИ ВО ИЗРАЕЛСКИ ВОЗДУШЕН НАПАД НА БЕГАЛСКИ КАМП ВО ГАЗА, ВЕЛАТ ВЛАСТИТЕ

    НАД 50 ЗАГИНАТИ ВО ИЗРАЕЛСКИ ВОЗДУШЕН НАПАД НА БЕГАЛСКИ КАМП ВО ГАЗА, ВЕЛАТ ВЛАСТИТЕСнимките од местото на нападот покажуваат дека дел од кампот е срамнет со земја (Фото: Гети)

    Повеќе од 50 луѓе се убиени во израелски воздушен напад на бегалски камп во Газа, додека израелските сили ја прошируваат својата копнена операција и се имаат соочено со палестинските милитанти во огромната мрежа подземни тунели во енклавата.

    Директорот на Индонезиската болница во Газа кажа дека над 50 Палестинци загинале, а 150 се ранети во напад на густо населениот бегалски камп Џабалија во северна Газа. Снимките од местото на нападот покажуваат дека дел од кампот е срамнет со земја.

    Десетици луѓе и натаму се под урнатините по ѕверскиот израелски напад, чија цел беше голема област на домови во кампот Џабалија“, соопшти министерството за здравство на Газа, со која управува Хамас.

    Израелските тенкови и пешадија напаѓаа влезови во тунели и позиции за лансирање проектили во последните судири со Хамас околу градот Газа и на нејзиниот југ. Израел верува дека палестинските милитанти држат околу 240 заложници во тунелскиот комплекс, што го користат како свој заповеден и контролен центар.

    Извештаи од терен велат дека израелските сили навлегле во северни населби на градот Газа и дека оклопни возила се забележани на двете главни патишта кои ги поврзуваат северот и југот на појасот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира