НАД 5О ЗАГИНАТИ, ОД КОИ 29 ДЕЦА ВО РАКЕТЕН НАПАД НА САУДИСКИТЕ СИЛИ ВРЗ АВТОБУС ВО ЈЕМЕН

    НАД 5О ЗАГИНАТИ, ОД КОИ 29 ДЕЦА ВО РАКЕТЕН НАПАД НА САУДИСКИТЕ СИЛИ ВРЗ АВТОБУС ВО ЈЕМЕНМеѓународниот Комитет на Црвениот Крст објави на твитер дека болницата во Саада примила 29 мртви тела на деца сите помали 15 години - (Фото: Би Би Си)

     

    Kоалицијата предводена од саудиските сили кои се борат против шиитските бунтовници,  во воздушен напад погоди автобус во северен Јемен при што загинаа најмалку 50 луѓе и повредени се над 70.

    Саудиската коалиција изјави дека цел им била бунтовничката група позната како Хути која испукала ракета во јужниот дел на Саудиска Арабија при што загинал  еден човек.

    Телевизијата Ал Масира емитуваше слики од повредени деца на болнички носилки со крв на нивните облеки и школските ранци. Меѓународниот Комитет на Црвениот Крст објави  на твитер дека болницата во Саада примила 29 мртви тела на деца сите помали 15 години. Исто така примиле 48 повредени од кои 30 биле деца.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира