НАД ИЛЈАДА ЛУЃЕ ЕВАКУИРАНИ ОД НОЌЕН КЛУБ И ХОТЕЛИ ПО ИСТЕКУВАЊЕ ГАС ВО ЦЕНТРАЛЕН ЛОНДОН

    НАД ИЛЈАДА ЛУЃЕ ЕВАКУИРАНИ ОД НОЌЕН КЛУБ И ХОТЕЛИ ПО ИСТЕКУВАЊЕ ГАС ВО ЦЕНТРАЛЕН ЛОНДОНПротивпожарната бригада била повикана во два часот наутро и открила пукната инсталација (Фото: Ај-Ти-Ви)

    Големо истекување на гас во централен Лондон доведе до принудно затворање на станицата Чаринг крос и до евакуација на стотици луѓе од дискотека и од хотелите во близина.

    Полицијата го затвори и Странд, главната сообраќајна врска која води кон Трафалгар сквер, срцето на градот, и ги советуваше луѓето да го избегнуваат тој дел.

    Противпожарната бригада била повикана во два часот наутро и начекала пукната инсталација, од која истекувала „висока концентрација на природен гас“. Дваесетина пожарникари биле на местото на настанот.

    Притоа била наредена итна евакуација на околу 1.450 луѓе од локалните хотели и од познатиот ноќен клуб „Хевн“.

    Властите соопштија дека станиците Чаринг крос и Источен Ватерло ќе останат затворени уште некое време.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари