НАЈГОЛЕМИОТ НОСАЧ НА АВИОНИ ВО СВЕТОТ, АМЕРИКАНСКИОТ „ФОРД“, СЕ ЗАКОТВИ ВО СПЛИТ ЗА ПОПРАВКА ПО УЧЕСТВОТО ВО ВОЈНАТА СО ИРАН

    НАЈГОЛЕМИОТ НОСАЧ НА АВИОНИ ВО СВЕТОТ, АМЕРИКАНСКИОТ „ФОРД“, СЕ ЗАКОТВИ ВО СПЛИТ ЗА ПОПРАВКА ПО УЧЕСТВОТО ВО ВОЈНАТА СО ИРАН„УСС Џералд Р. Форд“, најновиот американски и најголемиот носач на авиони во светот, се закотви во Сплит во Хрватска по неговиот транзит низ Јадранското Море од заливот Суда, во Грција. (Фото: Ројтерс)

    Американскиот носач на авиони „Џералд Р. Форд“, кој беше распореден во американско-израелските операции против Иран, денеска се закотви во хрватското јадранско пристаниште Сплит во Хрватска за поправки и одржување. Шестата флота на САД соопшти дека „УСС Џералд Р. Форд“, најновиот американски и најголемиот носач на авиони во светот, се закотвил во Сплит во Хрватска по неговиот транзит низ Јадранското Море од заливот Суда, во Грција, каде што извршил поправки и наполнил гориво.

    Носачот минатиот месец се закотви во американската поморска база во заливот Суда, предизвикувајќи протести на Крит пред нападите на САД и Израел врз Иран што ја предизвикаа војната. „Форд“ дејствувал во Црвеното Море во поддршка на операцијата „Епски бес“ кога на 12 март избувна неборбен пожар во неговата главна перална, при што биле повредени тројца морнари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира