НАЈГОЛЕМО ПРЕДАВСТВО ОД ЕДЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ ДОСЕГА – И РЕПУБЛИКАНЦИ НАЈАВИЈА ДЕКА ДЕНЕСКА ЌЕ ГЛАСААТ ЗА ОТПОВИКУВАЊЕ НА ТРАМП

    НАЈГОЛЕМО ПРЕДАВСТВО ОД ЕДЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ ДОСЕГА – И РЕПУБЛИКАНЦИ НАЈАВИЈА ДЕКА ДЕНЕСКА ЌЕ ГЛАСААТ ЗА ОТПОВИКУВАЊЕ НА ТРАМПТрамп вчера одби да преземе одговорност за упадот во Конгресот (Фото: АП)

    Со поддршка од најмалку четворица републиканци, демократите во Претставничкиот дом се подготвуваат по вторпат да го отповикаат Доналд Трамп, овојпат во врска со неговата улога во минатонеделниот упад во Конгресот, кога починаа пет лица.

    На само седум дена до истекувањето на неговиот мандат, во Домот денеска ќе се гласа за отповикување на Трамп под обвинение за поттикнување на побуна и насилство. Демократите претходно не успеаја да го убедат потпретседателот Мајк Пенс да го активира 25. амандман од уставот и експресно да го отстрани Трамп од Белата куќа.

    „Не верувам дека таквите акции се во интерес на нацијата или во согласност со уставот“, ѝ одговори Пенс на спикерката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси.

    Денешното гласање во Домот води кон ново судење во Сенатот, што сѐ уште го контролираат Републиканците и нејасно е дали има доволно време и политичка волја за предвремено отстранување на Трамп.

    Лиз Чејни, ќерката на поранешниот потпретседател Дик Чејни, е последниот висок претставник на Републиканците во Конгресот кој најави дека ќе гласа против Трамп, ситуација со каква што не се соочил ниеден претседател досега.

    „Во историјата на САД не е забележано поголемо предавство од еден претседател. Трамп ја повика и собра толпата и го запали огнот на тој напад. Ќе гласам за отповикување на претседателот“, кажа Чејни.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира