НАЈМАЛКУ 11 ЗАГИНАТИ И 48 ПОВРЕДЕНИ ВО ВЕРИЖНИ СУДИРИ НА АВТОПАТ ВО БУГАРИЈА

    НАЈМАЛКУ 11 ЗАГИНАТИ И 48 ПОВРЕДЕНИ ВО ВЕРИЖНИ СУДИРИ НА АВТОПАТ ВО БУГАРИЈАВо моментот на несреќата, во областа имало густа магла (Фото; БТА)

    Најмалку 11 луѓе загинаа, а 48 се повредени во две тешки несреќи на автопатот „Тракија“ во Бугарија, објави премиерот Румен Радев. Тој додаде дека два воени авиона „спартан“ се подготвени да се вклучат во евакуацијата на повредените.

    Верижните судири во кои учествувале десетици автомобили се случија во близина на Јамбол.

    „Ситуацијата е многу сериозна“, изјави регионалниот гувернер на Јамбол, Георги Чалаков, додавајќи дека има многу жртви.

    Според првичните податоци, бројот на возила вклучени во судирите е околу 50, објави новинската агенција БТА. Прво била пријавена несреќа во лентата кон Бургас, а потоа пред клучката Зимница кон Софија.

    Во моментот на несреќата, во областа имало густа магла.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира