НАЈМАЛКУ 15 ЗАГИНАТИ ВО РАЦИЈАТА НА ИСЛАМИСТИЧКО СКРИВАЛИШТЕ ВО ШРИ ЛАНКА

    НАЈМАЛКУ 15 ЗАГИНАТИ ВО РАЦИЈАТА НА ИСЛАМИСТИЧКО СКРИВАЛИШТЕ ВО ШРИ ЛАНКАВластите веруваат дека во Шри Ланка има околу 130 осомничени припадници на Исламска држава (Фото: АП)

    Тела на најмалку 15 луѓе, вклучувајќи шест деца, се пронајдени по експлозија во потенцијално скривалиште на милитантни исламисти во источна Шри Ланка, објави полицијата. Локални жители изјавија дека слушнале експлозија по неколкучасовна престрелка и меѓу загинатите се и три жени, за кои се верува дека се роднини на осомничените милитанти.

    Судирите се случиле во Саинтхамаруту, недалеку од родниот град на осомничениот водач на велигденските напади на хотели и цркви во Коломбо, во кои загинаа повеќе од 250 луѓе. Во исто време, безбедносните служби извршиле рација во зграда во друг град, при што се пронајдени експлозиви и дрон.

    Властите на Шри Ланка ја обвинија локалната радикална исламистичка група Нешнал товхед џамат за нападите од минатиот викенд, додавајќи дека и нејзиниот лидер Захран Хашим се разнесол во еден од нив.

    Полицијата објави дека се соочила со вооружена група при рацијата, при што тројца милитанти активирале експлозив. Досега се уапсени 80 лица поврзани со нападите, додека претседателот Сирисена кажа дека се верува дека во државата има околу 130 осомничени припадници на Исламска држава.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира