НАЈМАЛКУ 15 ЖРТВИ ВО НАПАД ВО ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ВО ЕЛ ПАСО, ТЕКСАС

    НАЈМАЛКУ 15 ЖРТВИ ВО НАПАД ВО ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ВО ЕЛ ПАСО, ТЕКСАСПолицијата уапси 21-годишен маж од Далас во врска со убиствата, а се очекува дека бројот на жртвите ќе расте (Фото: АП)

    Најмалку 15-мина загинаа во пукотниците во трговски центар во Ел Пасо, на границата на Тексас со Мексико, а 21-годишен маж е уапсен во врска со нападот. Полицијата вели дека уапсениот е Патрик Крусиус, од околината на Далас.

    Од болницата велат дека 23 луѓе се повредени и се задржани на лекување. Ова не е конечната бројка на загинати, оти истрагата е во тек и уште се пребројуваат жртвите.

    Повеќето од жртвите се застрелани во „Волмарт“ до трговскиот центар, во кој во тоа време имало околу 3.000 луѓе на шопинг пред почетокот на школската година и околу 100 вработени.

    Ел Пасо, град со околу 680.000 жители, е во Западен Тексас и на другата страна од границата со градот Хуарез, Мексико.

    Нападот во Ел Пасо се случи една недела откако 19-годишник пукаше на фестивал за храна во Калифорнија, при што загинаа тројца, а 13-мина беа повредени.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира