НАЈМАЛКУ 27 ЗАГИНАТИ И НАД 800 ПОВРЕДЕНИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ШТО ГИ ПОГОДИ ИЗМИР И САМОС

    НАЈМАЛКУ 27 ЗАГИНАТИ И НАД 800 ПОВРЕДЕНИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ШТО ГИ ПОГОДИ ИЗМИР И САМОСВчерашниот земјотрес со јачина од 6,6 степени сруши згради во Измир, третиот по големина град во Турција, и предизвика мало цунами во областа Шеферихисар и на островот Самос. (Фото: Анадолу)

    Спасувачки тимови утринава пребаруваа низ бетонски блокови и остатоци од осум урнати згради во потрага по преживеани по силниот земјотрес што ги погоди турската провинција Измир и грчкиот остров Самос, убивајќи најмалку 27 луѓе. Над 800 се повредени.

    Вчерашниот земјотрес со јачина од 6,6 степени сруши згради во Измир, третиот по големина град во Турција, и предизвика мало цунами во областа Шеферихисар и на островот Самос. По силниот земјотрес имаше и стотици афтершокови.
    Најмалку 25 луѓе загинаа во Измир, вклучувајќи и постара жена, која се удави, според турските власти. Двајца тинејџери загинаа на островот Самос.

    Малото цунами што го погоди турскиот брег на Егејското море ги поплави улиците во градот Вати, а властите ги предупредија граѓаните да одат подалеку од брегот и од потенцијално оштетените објекти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира