НАЈМАЛКУ 28 ЗАГИНАТИ ОТКАКО АВТОБУС СО ГЕРМАНСКИ ТУРИСТИ СЕ ПРЕВРТЕ ВО ПОРТУГАЛИЈА

    НАЈМАЛКУ 28 ЗАГИНАТИ ОТКАКО АВТОБУС СО ГЕРМАНСКИ ТУРИСТИ СЕ ПРЕВРТЕ ВО ПОРТУГАЛИЈАНесреќата се случила во 18.30 часот по локално време, кога возачот изгубил контрола над автобусот на крстосница и излетал од патот. (Фото: ЕПА)

    Најмалку 28 лица загинаа откако автобус со германски туристи излета од пат и се преврте на португалскиот остров Мадеира. Бројот на загинати го потврди државната агенција Луна.

    Германскиот весник „Билд“ објави дека во автобус се возеле 50 патници и несреќата се случила близу градот Канико. Причината за сообраќајната несреќа засега не е позната. Несреќата се случила во 18.30 часот по локално време, кога возачот изгубил контрола над автобусот на крстосница и излетал од патот.

    Градоначалникот Филипе Соуса кажа дека сите патници во автобусот биле Германци.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари