Непалски патнички авион со 72 седишта се урна во клисура при слетување на новиот аеродром во централниот туристички град Похара, при што загинаа 60 патници, соопштија властите. Спасувачките екипи го пребаруваат теренот во близина на реката Сети, која е речиси на 1.6 километри оддалечена од Меѓународниот авион во Похара, и се очекува да се најдат уште жртви. Сѐ уште не е јасна причината за несреќата.
Авионот „АТР 72“ со два мотора, од компанијата „Непал јети ерлајнс“ превезувал 68 патници, од кои 15 биле странци од Индија, Русија, Јужна Кореја, Ирска, Австралија, Аргентина и Франција и 4 членови на екипажот. Премиерот Пушпа Камал Дахал изјави дека авионот летал на линија од главниот град Катманду до Похара.
Во Похара, на 200 километри западно од Катманду, се наоѓа популарната патека за пешачење на Хималаите. Меѓународниот аеродром Похара започна со работа пред две недели.
Непал, во која се осум од 14-те највисоки планини во светот, меѓу кои и Монт Еверест, има историја на авионски несреќи. Лани загинаа 22 лица, во 2018 49, а во 1992 сите 167 патници на авион од Пакистан.