НАЈМАЛКУ 34 ЗАГИНАТИ ОТКАКО ВОЗ ИЗЛЕТА ОД ШИНИ ВО ТУНЕЛ ВО ТАЈВАН, ДЕСЕТИЦИ СЀ УШТЕ СЕ ЗАРОБЕНИ

    НАЈМАЛКУ 34 ЗАГИНАТИ ОТКАКО ВОЗ ИЗЛЕТА ОД ШИНИ ВО ТУНЕЛ ВО ТАЈВАН, ДЕСЕТИЦИ СЀ УШТЕ СЕ ЗАРОБЕНИСпасувачките екипи се мачат да пристапат до четирите тешко оштетени вагони (Фото: Ројтерс)

    Најмалку 34 патници загинаа, а 72 и натаму се заробени, откако воз излета од шини во тунел на Тајван.

    Тајванскиот центар за вонредни ситуации објави дека спасувачките екипи се мачат да пристапат до четирите вагони во тунелот кои се тешко оштетени. Возот, во кој имало 350 патници, вклучувајќи десетици туристи, патувал од главниот град Тајпеј до Таитунг.

    Локалните медиуми објавија дека до несреќата дошло откако возот удрил во камион што паднал врз шините од карпа.

    Ова е најтешката железничка несреќа на островот во изминатите неколку децении.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира