НАЈМАЛКУ 46 ЗАГИНАТИ ВО ПОЖАР ВО СТАНБЕНА ЗГРАДА НА ТАЈВАН

    НАЈМАЛКУ 46 ЗАГИНАТИ ВО ПОЖАР ВО СТАНБЕНА ЗГРАДА НА ТАЈВАНПричината за пожарот засега не е позната (Фото: ЕПА)

    Најмалку 46 луѓе загинаа, а десетици се повредени во пожарот во кој изгоре 13-катна станбена зграда на Тајван. На пожарникарите им требале повеќе од четири часа за да го изгаснат пожарот во северниот град Каосиунг.

    Седумдесет и девет луѓе се превезени во болница, од кои 14 се во сериозна состојба. Причината за пожарот засега не е позната.

    Жители од околните згради изјавија дека пред да избувне пожарот слушнале нешто налик на експлозија, додавајќи дека во зградата имало проблеми со електрични инсталации.

    Градоначалникот на Каосиунг, Чен Чи-ма, изјави дека зградата стара 40 години била делумно празна бидејќи на подолните катови порано се наоѓале ресторани, караоке барови и кино.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира