НАЈМАЛКУ 70 ЗАГИНАТИ ВО НАВОДЕН ХЕМИСКИ НАПАД ВО СИРИЈА

    НАЈМАЛКУ 70 ЗАГИНАТИ ВО НАВОДЕН ХЕМИСКИ НАПАД ВО СИРИЈАСпасувачите од доброволните сили „Бели шлемови“ објавија на Твитер фотографии од неколку тела во подруми. (Фото: Твитер)

    Најмалку 70 луѓе загинаа во наводен хемиски напад во Дума, последниот град под контрола на бунтовниците во областа Источна Гута, близу сирискиот главен град Дамаск. Спасувачите од доброволните сили „Бели шлемови“ објавија на Твитер фотографии од неколку тела во подруми. Се очекува бројката на загинати да расте.

    Сириската влада ги нарече обвинувањата за хемиски напад „измислица“. Засега нема независна потврда на извештаите за хемиски напад.

    Американскиот Стејт Департмент кажа дека извештаите сугерираат „потенцијално голем број жртви“, вклучувајќи цели фамилии во засолништа и додаде дека Русија, со нејзината поддршка за сириската влада, „сноси одговорност“ за наводните напади.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира