НАЈМАЛКУ ДЕСЕТ МРТВИ ВО СУДИР НА ДВА ВОЗА ВО ШПАНИЈА

    НАЈМАЛКУ ДЕСЕТ МРТВИ ВО СУДИР НА ДВА ВОЗА ВО ШПАНИЈАНесреќата се случи кога брз воз се судрил со друг воз кој бил запрен на шините (Фото: ДПА)

    Најмалку 10 луѓе загинаа во железничката несреќа што се случи утрово во близина на шпанскиот град Толедо, објави владата, која стравува дека може да има повеќе жртви.

    Несреќата се случи кога брз воз се судрил со друг воз кој бил запрен на шините, при што два вагона паднале од насип. Шпанската железница објави дека железничкиот сообраќај меѓу Мадрид и Андалузија е суспендиран, а владата ги откажа сите свои активности за денеска.

    Железничкиот оператор „Адиф“ соопшти дека несреќата се случила на линијата од Мадрид до Севиља.

    Мануел Галан, градоначалникот на блискиот град Урда, изјави дека службите за итни случаи побарале од градскиот совет да подготви објекти за сместување на патниците и повредените.

    Естер Падиља, портпаролката на владата на регионот Кастиља-Ла Манча, изјави дека возот управуван од компанијата „Ирјо“ превезувал 146 патници, додека во возот управуван од „Ренфе“ имало 397 патници.

    „Бројот на загинати, кој моментално е 10, речиси сигурно ќе се зголеми. Ситуацијата ќе се влоши“, кажа Падиља.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира