НАЈМАЛКУ ДЕСЕТ ЗАГИНАТИ ВО ЕКСПЛОЗИЈАТА ВО УЧИЛИШТЕ НА КРИМ, ВЛАСТИТЕ ВЕЛАТ ДЕКА Е ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД

    НАЈМАЛКУ ДЕСЕТ ЗАГИНАТИ ВО ЕКСПЛОЗИЈАТА ВО УЧИЛИШТЕ НА КРИМ, ВЛАСТИТЕ ВЕЛАТ ДЕКА Е ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАДНационалниот антитерористички комитет објави дека на местото на настанот е пронајдена експлозивна направа. (Фото: Твитер)

    Најмалку десет луѓе загинаа во експлозијата во едно техничко училиште на полуостровот Крим, анектиран од Русија и властите велат дека најверојатно станува збор за терористички напад. Тие додаваат дека има и десетици повредени.

    Се верува дека експлозијата се случила во салата за јадење и во прв момент се мислеше дека станува збор за протекување на гас. Националниот антитерористички комитет потоа изјави дека на местото на настанот е пронајдена експлозивна направа, додека локалните медиуми објавија дека во училиштето се слушнале и истрели од автоматско оружје.

    „Инцидентот во градот Керч се разгледува како терористички напад“, изјави портпаролот на руската влада, Дмитри Песков.

    „Тоа беше вистински терористички напад, како оној во Беслан. Има многу тела наоколу, тела на деца. Меѓу загинатите има и деца и вработени во училиштето. Напаѓачите упаднале со автоматски пушки, не знам кои беа тие“, изјави директорката на училиштето, Олга Гребеникова, алудирајќи на нападот од 2004 година, кога беа убиени повеќе од 330 луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира