НАЈМАЛКУ ДЕВЕТМИНА ЗАГИНАТИ ВО РУСКИТЕ НАПАДИ ВРЗ УКРАИНА, ЗАПАЛЕН МАНАСТИР ОД 11. ВЕК ВО КИЕВ

    НАЈМАЛКУ ДЕВЕТМИНА ЗАГИНАТИ ВО РУСКИТЕ НАПАДИ ВРЗ УКРАИНА, ЗАПАЛЕН МАНАСТИР ОД 11. ВЕК ВО КИЕВВо нападот врз Киев значително е оштетен Успенскиот манастир, кој е дел од историскиот комплекс Киевско-печерска лавра (Фото: АП)

    Најмалку девет луѓе загинаа во руските напади врз Украина ноќеска, при што беше запалено значајно верско обележје во Киев. Во главниот град загинаа четворица цивили, додека петмина припадници на итни служби беа убиени додека се обидувале да изгаснат пожар во Харкив.

    Во нападот врз Киев значително е оштетен Успенскиот манастир од 11. век, кој е дел од историскиот комплекс Киевско-печерска лавра, што украинската премиерка Јулија Свириденко го опиша како „брутален напад врз украинскиот народ и неговото наследство“.

    Итно ќе ги покренеме сите релевантни процедури во рамките на УНЕСКО и сите други меѓународни механизми, барајќи итни и соодветни одговори на ова варварство“, изјави украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха.

    Украинската војска соопшти дека Русија лансирала 70 ракети и 611 дронови во текот на ноќта.

    „Балистичките ракети остануваат проблем за нас. Од 34-те лансирани балистички ракети, само 15 беа соборени, иако и тоа е силен резултат“, изјави портпаролот на воздухопловните сили Јуриј Ихнат.

    Нападите се случија во пресрет на средбата на Г7 во Франција оваа недела, каде што Украина ќе биде тема на разговорите.

    Украина возврати со напад со дронови врз Русија, при што загинале три лица во градот Тула јужно од Москва, рекоа властите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира