НАЈМАЛКУ ЕДЕН УАПСЕН ВО ВРСКА СО СМРТТА НА АКТЕРОТ МЕТЈУ ПЕРИ

    НАЈМАЛКУ ЕДЕН УАПСЕН ВО ВРСКА СО СМРТТА НА АКТЕРОТ МЕТЈУ ПЕРИПери беше пронајден мртов во октомври минатата година (Фото: АП)

    Најмалку едно лице е уапсено во врска со смртта на американскиот актер Метју Пери, објавија тамошните медиуми. Пери беше пронајден мртов во џакузито во својот дом во Лос Анџелес во октомври минатата година и обдукцијата откри нивоа на кетамин во неговото тело слични на оние што се користат за анестезија при операции.

    Полицијата на Лос Анџелес отвори истрага во мај за да се утврди зошто имало толку дрога во организмот на Пери.

    Еј-Би-Си њуз“ објави дека се уапсени повеќе луѓе, кои се соочуваат со федерални обвиненија. Други медиуми кажаа дека е уапсено најмалку едно лице.

    Пери се прослави во серијата „Пријатели“, но никогаш не криеше дека тешко се носел со славата и низ кариерата се бореше со зависности.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира