НАЈМАЛКУ ОСУМ ЗАГИНАТИ ВО ПОЖАРОТ ВО СТАНБЕНА ЗГРАДА ВО ПАРИЗ, УАПСЕНА ЕДНА ЖЕНА

    НАЈМАЛКУ ОСУМ ЗАГИНАТИ ВО ПОЖАРОТ ВО СТАНБЕНА ЗГРАДА ВО ПАРИЗ, УАПСЕНА ЕДНА ЖЕНАПолицијата стравува дека бројката загинати не е конечна (Фото: АП)

    Најмалку осум луѓе загинаа во пожарот во една станбена зграда во југозападниот дел на Париз и полицијата објави дека бројката би можела да биде и поголема. Речиси 30 се повредени, вклучувајќи и шестмина пожарникари.

    Пожарот бил ставен под контрола во утринските часови, но полицијата додаде дека сѐ уште не се пребарани повисоките делови на осумкатната зграда.

    Засега не е познато што е причината за пожарот во побогатиот 16. арондисман и парискиот обвинител Реми Хајц изјави дека една жена е приведена, бидејќи постојат сомнежи дека намерно го предизвикала.

    Пожарот со голема брзина зафатил два ката од зградата стара 40-ина години, при што пожарникарите со скали помогнале да се евакуираат 30-ина станари.

    „Тоа беше многу насилен пожар. Кога дојдовме, се соочивме со апокалиптична ситуација. Многу луѓе беа на прозорците и бараа помош“, изјави портпаролот на пожарникарите.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари