НАЈМАЛКУ ОСУММИНА УБИЕНИ ВО ПУКАЊЕТО НА УНИВЕРЗИТЕТ ВО РУСКИОТ ГРАД ПЕРМ

    НАЈМАЛКУ ОСУММИНА УБИЕНИ ВО ПУКАЊЕТО НА УНИВЕРЗИТЕТ ВО РУСКИОТ ГРАД ПЕРМНапаѓачот е идентификуван како еден од студентите на универзитетот

    Најмалку осум лица се убиени во пукањето на универзитет во рускиот град Перм, објавија властите, додавајќи дека има и неколкумина повредени. Нападот го извршил еден од студентите, кој е уапсен откако бил ранет.

    „За време на апсењето, тој даваше отпор и беше ранет“, соопшти рускиот Истражен комитет, не откривајќи други детали за неговата состојба.

    Снимките од локалните медиуми покажуваат студенти како скокаат низ прозорци од првиот кат на зградата, по што бегаат на безбедно.

    Руските власти кажаа дека напаѓачот е идентификуван како еден од студентите на универзитетот. Тој е снимен како се движи кон зградата облечен во црно и со пушка во рацете.

    Вакви инциденти се сметаа за исклучително ретки во Русија, но нападот во Перм се случи само четири месеци откако 19-годишник уби деветмина во училиште во Татарстан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира