Најмалку седум лица загинаа, а десетици се повредени во руските воздушни напади врз јужниот украински град Херсон, соопштија властите. Во експлозиите беа оштетени станбени и административни згради во централните области на градот. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека нема воени објекти во областа.
Херсон, единствениот регионален главен град заземен од Русија од инвазијата, беше ослободен од Украина минатиот месец. Оттогаш често е цел на руските сили позиционирани од другата страна на реката Днепар. На видеата од последиците од нападот се гледаат неколку тела на земја, автомобили во пламен и оштетени згради. Нападот е точно 10 месеци од почетокот на инвазијата.
Зеленски на својот канал на Телеграм напиша: „Социјалните мрежи најверојатно ќе ги означат овие фотографии како ‘чувствителна содржина’. Но, ова не е чувствителна содржина – тоа е реалниот живот на Украина и Украинците“. Тој ги опиша нападите како „убиства заради заплашување и задоволство“. Зеленски истакна дека уништувањето e во време кога Украинците ги започнуваат божиќните прослави кои ќе кулминираат со традиционалната прослава на 7 јануари.
Русија често негираше дека во своите напади цели кон цивили.