НАОМИ КЕМПБЕЛ БИЛА МАЛТРЕТИРАНА НА СОФИСКИОТ АЕРОДРОМ ЗАШТО Е ЦРНА, ОБЈАВИЈА АНГЛИСКИТЕ МЕДИУМИ

    НАОМИ КЕМПБЕЛ БИЛА МАЛТРЕТИРАНА НА СОФИСКИОТ АЕРОДРОМ ЗАШТО Е ЦРНА, ОБЈАВИЈА АНГЛИСКИТЕ МЕДИУМИОд софискиот аеродром соопштија дека го испитуваат случајот со претресот на Кемпбел. (Фото: Фејсбук)

    Софискиот аеродром почна истрага по објавените текстови во британските медиуми за манекенката Наоми Кемпбел, која се пожали дека ја избрале за претрес на аеродромот во Софија само зашто е црна.

    „Искрено жалиме за негативните искуства на госпоѓата Кемпбел во Софија. Денеска почнавме целосна истрага за тоа што се случило. Во контакт сме со бугарските гранични власти, кои потврдија дека проверката на патници и багаж е нивна работа и било рутинска процедура. Ги прегледуваме видеоснимките од аеродромот од тој ден и ќе разговараме со службениците за да добиеме целосен увид во случајот“, соопштија од аеродромот.

    Весникот „Дејли Мејл“ објави дека Кемпбел се пожалила дека ја избрале за претрес на аеродромот во Софија само зашто е црна. Легендарната манекенка сметала дека била дискриминирана на расна основа кога минатиот месец граничните служби ја запреле на аеродромот откако пристигнала во Софија за модно снимање.

    Извор на весникот откри дека 52-годишната Кембел била видно вознемирена од тоа што се случило на 19 мај. Таа подоцна била снимена како го напуша аеродромот, пред да биде префрлена во хотел. Нејзината портпаролка изјави дека Кембел го одработила тридневниот работен ангажман.

    „Наоми беше многу вознемирена. Целата случка ужасно влијаела врз неа“, кажа пријател на супермоделот.

    Пред десетина дена, англискиот тренер Алан Пардју го напушти бугарскиот прволигаш ЦСКА Софија поради расистичкото однесување на дел од навивачите на клубот. Тоа уследи откако на мечот со Ботев, четворица црни играчи на софискиот клуб беа навредувани и кон нив беа фрлани банани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира