НАПАДОТ СО НОЖ ВО ТУРКУ Е ТЕРОРИЗАМ, ПОТВРДИ ФИНСКАТА ПОЛИЦИЈА

    НАПАДОТ СО НОЖ ВО ТУРКУ Е ТЕРОРИЗАМ, ПОТВРДИ ФИНСКАТА ПОЛИЦИЈАНа главниот плоштад во Турку се палат свеќи во сеќавање на жртвите во терористичкиот напад. (Фото: ЕПА)

    Нападот со нож во финскиот град Турку во кој што двајца загинаа и осуммина се повредени се третира како терористички акт, соопшти финската полиција. Инцидентите беа првично истражувани како убиства, но по повеќе информации кои што беа откриени преку ноќта, сега се сметаат како убиства со намера за тероризам.

    18-годишен марокански државјанин беше одведен во притвор по нападите, додаде полиција. Тој е повреден при приведувањето од властите и засега полицијата го нема откриено мотивот за нападот.

    Нападот со нож се случи вчера помеѓу два блиски пазари во центарот на градот. Загинатите се од Финска, а еден Италијанец и двајца Швеѓани се помеѓу осумтемина повредени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира