НАПАДОТ СО ЛАК И СТРЕЛА ВО НОРВЕШКА СЕ ТРЕТИРА КАКО ТЕРОРИСТИЧКИ ЧИН

    НАПАДОТ СО ЛАК И СТРЕЛА ВО НОРВЕШКА СЕ ТРЕТИРА КАКО ТЕРОРИСТИЧКИ ЧИНЖртвите на нападот се четири жени и еден маж на возраст од 50 до 78 години (Фото: ЕПА)

    Смртоносниот напад со лак и стрела во норвешкиот град Конгсберг, во кој синоќа загинаа пет лица, може да се третира како терористички чин, објави Норвешката безбедносна агенција (ПСТ), додавајќи дека мотивот сè уште не е утврден.

    Напаѓачот е идентификуван како 37-годишниот дански државјанин Еспен Андерсен Братен, кој живеел во областа на Конигсверг. Полицијата претходно објави дека тој преминал на ислам и покажувал знаци на радикализирање. Тој утре првпат ќе се појави во суд, при што ќе биде придружуван од психијатри.

    Жртвите на нападот, што Братен го извел сам, се четири жени и еден маж на возраст од 50 до 78 години. Тој бил уапсен 35 минути по почетокот на нападот во еден супермаркет.

    „Жртвите биле избрани сосема случајно. Уште две лица се повредени и не се во животна опасност“, изјави шефот на регионалната полиција Оле Бредруп Северуд.

    Тој кажа дека Братен од порано ѝ бил познат на полицијата, која последен пат била во контакт со него минатата година.

    Градоначалничката на Конгсберг, Кари Ан Санд, вели дека нападот се случи во областа каде што живеат многу луѓе.

    „Ние сме сосема обична заедница со целосно обични луѓе. Затоа ова ни е уште пошокантно“, изјави таа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира