НАПАДОТ ВРЗ НАФТЕНИТЕ ПОГОНИ ВО САУДИСКА АРАБИЈА БИ МОЖЕЛ ДА ВЛИЈАЕ ВРЗ СВЕТСКОТО СНАБДУВАЊЕ СО НАФТА

    НАПАДОТ ВРЗ НАФТЕНИТЕ ПОГОНИ ВО САУДИСКА АРАБИЈА БИ МОЖЕЛ ДА ВЛИЈАЕ ВРЗ СВЕТСКОТО СНАБДУВАЊЕ СО НАФТАПроизводството на суровата нафта се намалило за 5,7 милиони барели на ден, објави Саудиска Арабија (Фото: Ројтерс)

    Државниот секретар на САД Мајк Помпео го обвини Иран за вчерашните напади со дронови на нафтените погони во Саудиска Арабија. Тој ги отфрли тврдењата на хутските бунтовници од Јемен, кои се поддржани од Техеран, дека тие ги нападнале двата погона на државната компанија „Арамко“.

    Министерот за енергетика на Саудиска Арабија изјави дека нападот може да има значително влијание врз цената на нафтата на светските пазари, откако производството на суровата нафта се намалило за 5,7 милиони барели на ден.

    ТВ-снимките покажаа голем пожар во Абкаик, кадешто се наоѓа најголемата фабрика за преработка на нафта на „Арамко“, додека вториот напад бил изведен врз нафтеното поле во Кураис.

    Помпео напиша на Твитер дека нема никакви докази дека дроновите дошле од Јемен.

    „Ова е досега невиден напад врз светското снабдување со енергија. Ги повикуваме сите нации јавно да ги осудат иранските напади“, кажа Помпео, не изнесувајќи никаков доказ за своите тврдења.

    Портпаролот на хутските бунтовници изјави дека во нападот биле користени десет дронови и дека ова е една од нивните најголеми операции од почетокот на војната во 2015 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира