НАПАЃАЧОТ НА ВЕЧЕРАТА НА НОВИНАРИТЕ ОБЈАВИЛ МАНИФЕСТ ПРЕД ПУКАЊЕТО, САКАЛ ДА УБИВА ЧЛЕНОВИ НА ВЛАДАТА НА ТРАМП

    НАПАЃАЧОТ НА ВЕЧЕРАТА НА НОВИНАРИТЕ ОБЈАВИЛ МАНИФЕСТ ПРЕД ПУКАЊЕТО, САКАЛ ДА УБИВА ЧЛЕНОВИ НА ВЛАДАТА НА ТРАМПКол Томас Ален рани агент на Тајната служба, пред да биде совладан и уапсен (Фото: АП)

    Доналд Трамп кажа дека мажот обвинет дека сакал да ги нападне високите владини претставници на годишната гала-вечера на дописниците од Белата куќа бил болен човек, кого семејството го пријавило на властите. Тој откри дека 31-годишниот Кол Томас Ален објавил „антихристијански манифест“ пред пукањето во хотелот „Вашингтон Хилтон“, каде што рани агент на Тајната служба, пред да биде совладан и уапсен.

    Тој бил христијански верник, а потоа станал антихристијанин и многу се променил. Тој веројатно бил многу болен човек“, рече Трамп во интервјуто за Си-Би-Ес.

    Трамп додаде дека не бил загрижен додека го евакуираа од балската сала и дури сакал да остане за да види што се случува.

    Не бев загрижен. Го разбирам животот. Живееме во луд свет“.

    Во маифестот, Ален се опишал себеси како „пријателски федерален атентатор“ кој планирал да ги нападне членовите на администрацијата на Трамп, давајќи им приоритет на највисоко рангираните, изјави еден функционер за „Ројтерс“. Ален ја навел христијанската теологија и рекол дека сакал да ги заштити оние на кои им била нанесена штета од владините политики.

    Вртењето на другиот образ кога некој друг е угнетен не е христијанско однесување; тоа е соучество во злосторствата на угнетувачот“, се вели во манифестот, што Ален им го испратил на членовите на своето семејство пред пукањето.

    Во интервјуто за Си-Би-Ес, на Трамп му беше посочено дека во манифестот се спомнуваат и зборови педофил, силувач и предавник, на што тој луто реагираше.

    Треба да се засрамите што го читате тоа, зашто јас не сум ништо од тие работи“, кажа Трамп.

    Според државниот обвинител Тод Бланш, Ален престојувал во хотелот како гостин и бил вооружен со сачмарка, пиштол и ножеви. Тој денеска ќе биде обвинет пред федералниот суд за напад врз федерален службеник, пукање од огнено оружје и за обид за убиство на федерален службеник.

    Трамп првпат присуствуваше на вечерата на новинарите како претседател откако со години ја бојкотираше. Најави дека настанот, сепак, ќе се одржи во рок од 30 дена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира