НАПАЃАЧОТ ОД БЕРЛИН УБИЕН ВО МИЛАНО

a:1:{s:9:"td_source";s:32:"Италија,(Ројтерс)

    НАПАЃАЧОТ ОД БЕРЛИН УБИЕН ВО МИЛАНО

    Осомничениот за нападот со камион на божикниот панаѓур во Берлин денеска е убиен во престрелка во предградието на северниот италијански град Милано, изјави министерот за внатрешни работи на Италија. Марко Минити на прес конференција рече дека „без никакво двоумење“, се работело за 24-годишниот Тунижанец Анис Амри, баран од полицијата за нападот во Берлин.

    Еден полицискиот извор рече дека Амри бил идентификуван преку отпечатоци на прсти. Минити рече дека Амир бил застанат од рутинска полициска патрола во предградијето на Милан денес рано наутро. Амир извадил пиштол и пукал, повредувајќи еден од полицајците, кој сега се опоравува.

    Исламската држава прифати одговорност за нападот, при кој што камионот се втурна во толпа луѓе и ги урна дрвените шатори кои продаваа божикни подароци и јадења до познатата црква во западен Берлин. Еден од 12-мината убиени бил полскиот возач на кого му бил земен камионот. Неговото тело, убодено и застрелано, било пронајдено во кабината на камионот.

    Полицијата низ Европа го бараше азилантот од нападот во понеделникот. Амри бил фатен на камера од германската полиција во една џамија во подрачјето Моаби на Берлин во вторникот. Данската полиција исто така рече дека лице кое се совпаѓа со описот бил во Аалборг во северна Данска.

    Берлинскиот напад ја алармираше Европа овој божиќен период. Деенес рано наутро германските специјални сили уапсиле двајца осомничени за планирање напад на трговски центар во Оберхаузен во Северна Рајна-Вестафалија. Осомничените, двајца браќа од Косово – 28 и 31-годишни биле уапсени во Диусбург според информациите од безбедносните извори, изјави полицијата. Полицискиот портпарол рече дека не постои врска помеѓу апсењата во Дуисбург и случајот на Амри. Амри бил идентификуван од безбедносните агенции како потенцијална закана и имал одбиена апликација за азил, но властите не успеале на го депортираат бидејќи ги немал документите за идентификација.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира