НАСА ПОДГОТВЕНА ЗА ПРВОТО ЛАНСИРАЊЕ НА СВОЈАТА НАЈМОЌНА РАКЕТА ДОСЕГА, НАМЕНЕТА ЗА ИДНИ МИСИИ НА МЕСЕЧИНАТА

    НАСА ПОДГОТВЕНА ЗА ПРВОТО ЛАНСИРАЊЕ НА СВОЈАТА НАЈМОЌНА РАКЕТА ДОСЕГА, НАМЕНЕТА ЗА ИДНИ МИСИИ НА МЕСЕЧИНАТАСпејс лаунч систем треба да полета од вселенскиот центар „Кенеди“ во 14:33 часот по македонско време (Фото: АП)

    НАСА ги одбројува часовите до првото лансирање на својата нова огромна ракета за Месечината, наречена Спејс лаунч систем (СЛС). Таа треба да полета од вселенскиот центар „Кенеди“ во 14:33 часот по македонско време, но тоа во голема мера ќе зависи од временските услови, кои се доста променливи во Флорида во овој период од годината.

    СЛС е најмоќното и најсложено летало дизајнирано од НАСА досега и ќе биде основа на проектот „Артемис“, кој има за цел да ги врати луѓето на површината на Месечината по повеќе од 50 години пауза. Новите мисии на Месечината треба да почнат најрано во 2025.

    Задачата на СЛС ќе биде да ја однесе тест-капсулата „орион“ далеку од Земјата. Ова вселенско летало, во кое место астронаути ќе бидат три кукли опремени со сензори, ќе кружи околу Месечината, пред да се врати на Земјата за шест недели, кога треба да падне во Тихиот Океан. Ова се очекува на 10 октомври.

    Се очекува 200.000 луѓе да бидат сведоци на спектакуларното лансирање.

    Оваа ракета ќе биде поголема, погласна и поимпресивна од сè што сме виделе досега“, најавуваат од НАСА.

    Една од главните цели на пробниот лет е да се тестира издржливоста на топлинскиот штит на „орион“, која при враќањето во Земјината атмосфера ќе постигне брзина од 38.000 километри на час, што е 32 пати побрзо од брзината на звукот.

    СЛС досега ја чинеше НАСА најмалку 37 милијарди долари. Ако биде успешен, „Артемис 1“ ќе ја постави основата на првите мисии на СЛС-орион со човечки екипаж.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира