НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ НИЗ ИТАЛИЈА ПО ВОВЕДУВАЊЕТО НА НОВИТЕ РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ

    НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ НИЗ ИТАЛИЈА ПО ВОВЕДУВАЊЕТО НА НОВИТЕ РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИВо Торино имаше некои од најжестоките судири помеѓу полицијата и демонстрантите (Фото: Гети)

    Насилни протести вчера се одржаа низ Италија откако владата воведе нови рестрикции со цел да се запре вториот бран на ширењето на коронавирусот.

    Судири помеѓу полицијата и демонстрантите имаше во повеќе градови. Во Торино, полицијата беше гаѓана со молотови коктели и беа искршени неколку луксузни продавници, а во Милано таа употреби солзавец за да ги растера демонстрантите. Насилства имаше и во Неапол.

    И во Милано имаше нереди откако Ломбардија воведе и полициски час (Фото: ЕПА)

    Протестите, кои се одржаа во десетина градови, почнаа набргу откако владата донесе нов пакет мерки за заштита од коронавирусот, при што нареди затворање на рестораните, баровите, теретаните и кината во 18 часот. Некои региони, како Ломбардија и Пиемонт, воведоа и општа забрана за движење во ноќните часови. Новите мерки ќе бидат на сила најмалку до 24 ноември.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира