НАВАЛНИ БИЛ ОТРУЕН СО НЕРВНИОТ ОТРОВ НОВИЧОК, ОБЈАВИ ГЕРМАНСКАТА ВЛАДА

    НАВАЛНИ БИЛ ОТРУЕН СО НЕРВНИОТ ОТРОВ НОВИЧОК, ОБЈАВИ ГЕРМАНСКАТА ВЛАДАНа Навални му се слоши на 20 август додека леташе од Сибир за Москва (Фото: Ројтерс)

    Рускиот опозиционер Алексеј Навални бил отруен со новичок, објави германската влада.

    Тој беше префрлен на лекување во Германија на 22 август, откако два дена претходно му се слоши на летот за Москва, по што во коматозна состојба беше превезен во болницата во сибирскиот град Омск. Неговите соработници веднаш се посомневаа дека тој бил отруен, што подоцна беше потврдено од германските лекари, без да откријат за која супстанца станува збор. Кремљ ги отфрли обвинувањата дека Навални бил отруен по наредба од Владимир Путин.

    „Токсиколошките тестови недвосмилесно потврдија дека станува збор за хемиски нервен отров од групата новичок. Тестирањето беше направено во специјална воена лабораторија“, кажа владата.

    Новичок е нервен отров од советската ера, кој беше употребен и при труењето на бившиот агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира