НАВАЛНИ БИЛ ОТРУЕН ВО ХОТЕЛСКАТА СОБА, ТРАГИ НА НОВИЧОК ПРОНАЈДЕНИ НА ШИШЕ СО ВОДА

    НАВАЛНИ БИЛ ОТРУЕН ВО ХОТЕЛСКАТА СОБА, ТРАГИ НА НОВИЧОК ПРОНАЈДЕНИ НА ШИШЕ СО ВОДАНавални заздравува во болница во Берлин и веќе не е во животна опасност (Фото: АП)

    Траги на отров се пронајдени на шише вода во хотелската соба во сибирскиот град Томск, каде што Алексеј Навални престојувал пред да му се слоши, објавија неговите соработници. Тие во прв момент се сомневаа дека Навални испил нешто од чајот на аеродромот во Томск, додека чекал авион за Москва.

    „Веднаш штом Навални се разболе, неговиот тим повикал адвокат, ја посетиле собата во која што тој престојувал и почнале да снимаат, опишуваат и собираат работи што ги нашле таму, вклучувајќи го и хотелското шише со вода. Две недели подоцна, германска лабораторија токму на тоа шише пронашла траги на новичок. Сега сѐ се разјасни: ова било направено пред Навални да замине на аеродромот“, кажаа од неговиот тим.

    Навални во прв момент бил превезен во болницата во Омск, но по два дена го продолжи лекувањето во Берлин, каде што и натаму престојува. Германската влада потврди дека Навални бил отруен со советски нервен отров од групата новичок, што дополнително беше потврдено и од лаборатории во Шведска и Франција.

    Во вторникот, Москва кажа дека ги елиминирала сите воени отрови, меѓу кои и новичок.

     

     

     

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира