НЕ МОЖЕ ВЕЌЕ ЕДНОГЛАСНО ДА НОСИМЕ ОДЛУКИ, ЕУ МОРА ДА СЕ МОДЕРНИЗИРА ЗА ДА ГО ОЛЕСНИ ПРОШИРУВАЊЕТО, ВЕЛИ ШОЛЦ

    НЕ МОЖЕ ВЕЌЕ ЕДНОГЛАСНО ДА НОСИМЕ ОДЛУКИ, ЕУ МОРА ДА СЕ МОДЕРНИЗИРА ЗА ДА ГО ОЛЕСНИ ПРОШИРУВАЊЕТО, ВЕЛИ ШОЛЦГерманскиот канцелар Олаф Шолц со македонскиот премиер Димитар Ковачевски во Скопје на 11 јуни. (Фото: СДК.МК)

    Германскиот канцелар Олаф Шолц вели дека Европската унија треба да ги модернизира своите процеси за да им овозможи на кандидатите да се зачленат полесно. Според шефот на германската влада, нема да биде можно сè што денеска се решава едногласно да продолжи да се одлучува слично во иднина.

    Шолц вели дека ЕУ треба да се подготви за проширување на блокот и притоа да ги модернизира своите структури и начинот на одлучување.

    „За ова да се случи, ЕУ треба да ги модернизира структурите за носење одлуки и процесите. Нема да биде можно за сè што се одлучува денеска едногласно да се одлучува на сличен начин во иднина“, кажа Шолц во интервју за ДПА.

    Шолц вели дека ќе ги презентира своите предлози на состанокот на Европскиот совет следната недела.

    Лидерите на 27-те земји членки следната недела треба да одлучуваат за доделување кандидатски статус на Грузија, Украина и Молдавија, како и за почеток на пристапни преговори за Македонија и Албанија.

    Сепак, за да се реформира процесот како што предлага Шолц потребно е да се согласат сите земји членки.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира