НЕ НÈ ИНТЕРЕСИРААТ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ОД САД, КАЖА КРЕМЉ ПРЕД СРЕДБАТА ПУТИН-КИМ

    НЕ НÈ ИНТЕРЕСИРААТ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ОД САД, КАЖА КРЕМЉ ПРЕД СРЕДБАТА ПУТИН-КИМОклопниот воз на Ким Џонг Ун вчера тргна од Пјонгјанг за Русија и ја премина границата (Фото: АП)

    Кремљ соопшти дека не го интересираат предупредувања од САД откако се појавија информации дека Ким Џонг Ун ќе се сретне со Владимир Путин за да разговараат за продажба на оружје. Оклопниот воз на севернокорејскиот лидер вчера тргна од Пјонгјанг за Русија и веќе ја премина границата.

    Се очекува Ким да се сретне со Путин во Владивосток, каде што рускиот претседател моментално учествува на Источниот економски форум. Руските и севернокорејските медиуми објавија дека средбата ќе се одржи во следните денови, без да прецизираат каде.

    Стејт департмент вчера го опиша поврзувањето на Русија со Северна Кореја како стратешки неуспех.

    Путин патува до крајниот дел на Русија за да моли воена помош од Северна Кореја“, кажаа од Стејт департментот.

    Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, возврати дека Русија не ја интересираат предупредувања од Вашингтон.

    При спроведувањето на нашите односи со нашите соседи, вклучувајќи ја и Северна Кореја, нам ни се важни интересите на двете држави, а не предупредувања од Вашингтон. Ќе се фокусираме на интересите на нашите две држави“, кажа Песков.

    САД постојано ги предупредуваат Северна Кореја, Кина и Иран да не ја помагаат Русија во војната во Украина. Според американските сознанија, Ким и Путин ќе разговараат и за можноста Северна Кореја да ѝ обезбеди оружје на Русија, првенствено артилериски гранати.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира