НЕБЛАГОДАРНО Е ДА СЕ ДАВААТ ПРОГНОЗИ ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ ВО ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА КЛИНИКАТА ЗА ИЗГОРЕНИЦИ ВО БЕЛГРАД

    НЕБЛАГОДАРНО Е ДА СЕ ДАВААТ ПРОГНОЗИ ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ ВО ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА КЛИНИКАТА ЗА ИЗГОРЕНИЦИ ВО БЕЛГРАД„Повредените кои се префрлени во УЦ имаат изгореници од два до 28 отсто на телесната површина и тоа е иницијална проценка од ноќеска. Дел од повредените имаат изгореници на горните дишни патишта“ изјав Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за изгореници, пластична и реконструктивна хирургија во Универзитетскиот Клинички центар на Србија. (Фото: Танјуг)

    Во Ургентниот центар во Белград ноќеска се примени 9 повредени лица од пожарот во дискотека во Кочани, од кои едно е со исклучително тешки повреди опасни по живот, јави дописникот на МИА од Белград.

    „Седуммина беа под третман во операциските сали. Повредените кои се префрлени во УЦ имаат изгореници од два до 28 отсто на телесната површина и тоа е иницијална проценка од ноќеска. Дел од повредените имаат изгореници на горните дишни патишта“ изјави утрово Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за изгореници, пластична и реконструктивна хирургија во Универзитетскиот Клинички центар на Србија.

    Според него, сите повреди лекарите на Клиниката се третираат како – тешки телесни повреди опасни по живот.

    „Еден пациент е на механичка вентилација, тој има најтешки повреди. Повреди има на бронхијалното стебло што се исклучително сериозни. Засега е неблагодарно да се прогнозира за понатамошната состојба поради специфичноста на повредите. Се надевам во следните денови ќе биде појасно за секој пациент“, изјави д-р Стојчиќ.

    На Воено-медицинската академија ВМА во Белград од Скопје синоќа се префлени тројца пациенти.

    „ Во текот на ноќта и утрово сме во постојан контакт со колегите од ВМА за состојбата на пациентите од Македонија. Знаете, лекувањето изгореници е долготраен процес што трае со денови и недели“ , изјави д-р Стојичиќ.

    Во Македонија е прoгласена 7-дневна жалост. Покрај Србија, и Бугарија ќе го прогласи 18 март за ден на жалост поради трагедијата во Кочани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира