НЕКОЛКУ ПОВРЕДЕНИ ВО СИЛНА ЕКСПЛОЗИЈА ВО ЦЕНТАРОТ НА ПАРИЗ

    НЕКОЛКУ ПОВРЕДЕНИ ВО СИЛНА ЕКСПЛОЗИЈА ВО ЦЕНТАРОТ НА ПАРИЗСе верува дека експлозијата е предизвикана од истекување на гас (Фото: Гети)

    Неколку луѓе се повредени во експлозијата и пожарот што се случија во една пекарница во центарот на Париз, соопшти полицијата, додавајќи дека засега нема информации дека има загинати.

    Се верува дека експлозијата е предизвикана од протекување на гас, при што се оштетени неколку згради и возила во околината, а ТВ-снимките покажаа и голем пожар. Полицијата и пожарникарите ја евакуираа околината и забранија пристап.

    (Фото: Твитер)

    Експлозијата се случи во периодот кога Париз се наоѓа под силно обезбедување, бидејќи за денеска се најавени нови протести на „жолтите елеци“.

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари