НЕМА ДА БИДЕМЕ НАПУШТЕНИ КАКО АВГАНИСТАН, КАЖА ЗЕЛЕНСКИ ОТКАКО УКРАИНА ДОБИ ПОМОШ ОД САД ОД 61 МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ

    НЕМА ДА БИДЕМЕ НАПУШТЕНИ КАКО АВГАНИСТАН, КАЖА ЗЕЛЕНСКИ ОТКАКО УКРАИНА ДОБИ ПОМОШ ОД САД ОД 61 МИЛИЈАРДА ДОЛАРИЗеленски предупреди дека Русија би можела да почне нова офанзива пред украинската војска да ги добие новите залихи оружје и муниција (Фото: украинска влада)

    Володимир Зеленски изјави дека Украина нема да биде втор Авганистан, откако Претставничкиот дом ја изгласа помошта за неговата земја од 61 милијарда долари, во периодот кога руските сили имаат иницијатива на фронтот. Зеленски алудираше на колапсот на прозападната влада на Авганистан за време на повлекувањето на американските сили во 2021, сметајќи дека гласањето во американскиот Конгрес покажува дека Украина нема да биде напуштена од западот.

    Тој го повика Сенатот брзо да го одобри пакетот и предупреди дека Русија би можела да почне нова офанзива пред украинската војска да ги добие новите залихи оружје и муниција. Се очекува Сенатот да го заврши одморот утре за да се гласа за помошта за Украина, а Џо Бајден вети дека веднаш ќе го потпише законот штом помине во Конгресот.

    Навистина ни е потребно ова брзо да заврши за да можат нашите војници на фронтот да добијат помош најскоро што може, а не за шест месеци“, кажа Зеленски.

    Поради блокадата од републиканците, САД оваа година имаат испратено помош во Украина од само 300 милиони долари, што значително влијаеше врз ситуацијата на фронтот и им овозможи на Русите да напредуваат. Американски функционери кажаа дека некои оружја веќе се во европски складишта и спремни да бидат пратени во Украина.

    Москва вчера ги обвини САД дека ја принудуваат Украина да води долга војна, која на крајот ќе заврши со пораз на двете земји.

    Америка сака Украина да се бори до последниот Украинец. Ова ќе заврши со фијаско за САД исто како Виетнам и Авганистан“, изјави портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира