НЕМА ДА ВЕ РАЗОЧАРАМ, ВЕТИ ТРАМП ВО ПОБЕДНИЧКИОТ ГОВОР

a:1:{s:9:"td_source";s:20:"Њујорк,(АП)

    НЕМА ДА ВЕ РАЗОЧАРАМ, ВЕТИ ТРАМП ВО ПОБЕДНИЧКИОТ ГОВОР

    Новиот претседател на САД Доналд Трамп им вети на американските граѓани дека нема да ги разочaра и дека ќе биде претседател на сите Американци. Новиот американски претседател, обраќајќи се пред неговите поддржувачи на победничката забава во Њујорк, побара од нацијата да се обедини и вети дека ќе го претставува секој граѓанин во земјата.

    ДОНАЛД ТРАМП ИЗБРАН ЗА АМЕРИКАНСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ

    Тој додаде дека е време Америка да ги залечи раните од поделбите и дека е време да се Американците да се обединат во едно. Тој, исто така, соопшти дека неговото претседателствување ќе биде време на раст и обнова на нацијата.

    Трамп кажа дека Америка веќе нема да се задоволува со ништо друго освен со најдоброто и рече дека нацијата ќе сонува големи и храбри работи.

    Во победничкиот говор, Трамп откри дека Хилари Клинтон му се јавила да му честита на победата. Трамп, исто така, рече дека и тој ѝ честитал на Клинтон за добро одработената кампања, додавајќи дека ѝ должат голема благодарност за нејзината работа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира