НЕМА МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ МЕЃУ ЖРТВИТЕ ВО НАПАДОТ ВО МАНЧЕСТЕР

    НЕМА МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ МЕЃУ ЖРТВИТЕ ВО НАПАДОТ ВО МАНЧЕСТЕР

    Македонското Министерство за надворешни работи  соопшти  дека нема македонски државјани меѓу загинатите и повредените во синоќешниот терористички напад во Манчестер, во кој загинаа 22 лица, а 59 се повредени. МНР го осуди нападот.

    Полицијата во Манчестер уапси 23-годишен маж во јужниот дел на градот поради сомневање дека е поврзан со нападот во кој беа убиени најмалку 22 лица. Претходно, британската премиерка Тереза Меј изјави дека безбедносните служби го знаат идентитетот на осомничениот бомбаш самоубиец, но не се подготвени да го објават. Таа рече дека напаѓачот сам го извел нападот, но уште не е јасно дали некој му помогнал во подготовките.

    Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира