НЕМА СТРАНСКИ ДРЖАВЈАНИ МЕЃУ ЖРТВИТЕ НА ПУКАЊЕТО ВО ПРАГА, СИТЕ РАНЕТИ СЕ СТАБИЛНО

    НЕМА СТРАНСКИ ДРЖАВЈАНИ МЕЃУ ЖРТВИТЕ НА ПУКАЊЕТО ВО ПРАГА, СИТЕ РАНЕТИ СЕ СТАБИЛНОВо Чешка утре ќе биде ден на жалост (Фото: Икс)

    Директорката на Институтот за музикологија, Ленка Хлавкова, е една од 14-те жртви на вчерашниот масакр на Факултетот за уметности во центарот на Прага, што го изврши 24-годишниот студент Давид Козак.

    На денешната прес-конференција, чешката полиција кажа дека е познат идентитетот на сите убиени и дека меѓу нив нема странски државјани. Меѓу 25-те ранети се еден Холанѓанец и двајца државјани на Обединетите Арапски Емирати. Никој од ранетите не е во критична состојба.

    Полицијата соопшти дека напаѓачот се самоубил на покривот на зградата откако сфатил дека е окружен. И натаму не е утврден мотивот на најсмртоносниот напад во историјата на Чешка.

    Верувам дека брзото пристигнување на полицијата спречи уште поголемо крвопролевање. Видов купишта муниција во ходниците, беше неверојатно. Доколку напаѓачот не отидеше на покривот, тој ќе повредеше уште многу луѓе“, изјави директорот на прашката полиција.

    Полицијата потврди дека постои поврзаност помеѓу масовното пукање во Прага и двократното убиство во шума близу главниот град минатата недела. Претходно беше објавено дека на 15 декември се пронајдени телата на млад маж и на неговата двомесечна ќерка.

    Нашите докази сугерираат дека напаѓачот на универзитетот ги извршил и убиствата во шумата Клановицки“, кажаа од полицијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира