НЕМА ВЕЌЕ АКТИВНИ ПОЖАРИ КАЈ АТИНА, ВЛАСТИТЕ ВЕЛАТ ДЕКА ПОСТОИ ВИСОК РИЗИК ОД НОВИ

    НЕМА ВЕЌЕ АКТИВНИ ПОЖАРИ КАЈ АТИНА, ВЛАСТИТЕ ВЕЛАТ ДЕКА ПОСТОИ ВИСОК РИЗИК ОД НОВИПрвиот пожар избувна во неделата попладне 35 километри северно од Атина (Фото: АП)

    Нема веќе активни пожари во пошироката област на Атина, но службите остануваат во состојба на висока готовност, изјави шефот на грчките пожарникари Василис Ватракојанис. Поблагите ветрови и натчовечките напори на пожарникарите помогнаа огновите да се стават под контрола откако стигнаа до северните предградија на Атина.

    Ситуацијата е подобрена, во овој момент нема нови огнени фронтови, само спорадични пламени“, кажа Ватракојанис.

    Властите велат дека и натаму има висок ризик од нови пожари зашто дневните температури и во следните денови ќе бидат над 36 Целзиусови степени и се очекува засилување на ветровите.

    Една 63-годишна жена загина, а десетици луѓе беа повредени во пожарите кои зафатија површина од над 40.000 хектари, а илјадници локални жители беа евакуирани од своите домови. Чадот над Атина се расчисти, но небото остана матно.

    Првиот пожар избувна во неделата попладне 35 километри северно од Атина и потоа зафати неколку села на периферијата, од кои едно се наоѓа 14 километри од центарот на градот. Во гаснењето учествуваа повеќе од 700 пожарникари, 200 возила и 35 противпожарни летала.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира