НЕМА ВЕЌЕ ОПАСНОСТ ОД ГОЛЕМО ЦУНАМИ ПО СИЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО ЈАПОНИЈА, ИМА ЗАТРУПАНИ ЛУЃЕ

    НЕМА ВЕЌЕ ОПАСНОСТ ОД ГОЛЕМО ЦУНАМИ ПО СИЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО ЈАПОНИЈА, ИМА ЗАТРУПАНИ ЛУЃЕЗасега нема прецизни информации за штети и евентуални жртви (Фото: Гети)

    Јапонските власти го намалија предупредувањето за цунами за крајбрежниот регион Ното од големо на пониско, што беше огласено откако централниот дел на земјата денеска го погоди земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтерова скала. Ова беше првпат од катастрофалниот земјотрес во 2011 да биде прогласен највисок степен на тревога за цунами.

    Иако се најавуваше дека до Ното би можеле да стигнат бранови високи до пет метри, досега се регистрирани бранови повисоки од еден метар.

    Во изминатите три часа, во Јапонија се регистрирани повеќе од 30 земјотреси со јачина меѓу 3,6 и 7.6 степени, при што без струја останале повеќе од 36.000 домови во префектурите Ишикава и Тојама и суспендирани се брзите возови кон Токио.

    Засега нема прецизни информации за штети и евентуални жртви. Портпаролот на јапонската влада изјави дека има урнати згради и оштетени патишта во повеќе градови и дека се пријавени шест случаи на затрупани луѓе.

    Најголемиот државен оператор за нуклеарна енергија „Кансаи електрик“ објави дека не се забележани абнормалности во нуклеарните централи покрај брегот на Јапонското Море.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира