НЕМА ЗАГИНАТИ ОТКАКО РУСКИ АВИОН СЕ СУДРИЛ СО ПТИЦИ И СЛЕТА ВО ПОЛЕ, ИСТО КАКО АМЕРИКАНСКИОТ ШТО СЛЕТА ВО РЕКА ПРЕД ДЕСЕТ ГОДИНИ

    НЕМА ЗАГИНАТИ ОТКАКО РУСКИ АВИОН СЕ СУДРИЛ СО ПТИЦИ И СЛЕТА ВО ПОЛЕ, ИСТО КАКО АМЕРИКАНСКИОТ ШТО СЛЕТА ВО РЕКА ПРЕД ДЕСЕТ ГОДИНИНезгодата се случила на помалку од еден километар од пистата на московскиот аеродром (Фото: Си-Ен-Ен)

    Нема загинати откако руски патнички авион налета на јато птици по што принудно слета во поле со пченка, само што полета од аеродромот во Москва, објави руската државна агенција ТАСС. Хоспитализирани се 23 лица, меѓу кои пет деца.

    Авионот „ербас А321“ на „Урал ерлајнс“ превезуваше 226 патници и седумчлен екипаж на лет од аеродромот Жуковски до Симферопол.

    Руските медиуми го споредуваат овој случај со слетувањето на американскиот авион во реката Хадсон во Њујорк во 2009, кога „ербас А320“ се судри со јато гуски по полетувањето од аеродромот Ла Гвардија. Сите 155 патници беа спасени.

    „Набрзо по полетувањето, авионот удрил во јато галеби. Некои од птиците влегле во моторите“, изјави официјален претставник од Државната агенција за воздушен сообраќај, додавајќи оти незгодата се случила на помалку од еден километар од пистата.

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари