НЕТАНЈАХУ НЕ ОТСТАПУВА ОД ПЛАНОТ ЗА КОПНЕНА ОФАНЗИВА ВО РАФА, КАДЕ ШТО СЕ ЗАСОЛНЕТИ 1,5 МИЛИОНИ ПАЛЕСТИНЦИ

    НЕТАНЈАХУ НЕ ОТСТАПУВА ОД ПЛАНОТ ЗА КОПНЕНА ОФАНЗИВА ВО РАФА, КАДЕ ШТО СЕ ЗАСОЛНЕТИ 1,5 МИЛИОНИ ПАЛЕСТИНЦИНетанјаху ѝ наредил на војската да подготви евакуација на цивилите од Рафа (Фото: АП)

    Израел се соочува со сѐ поголем меѓународен притисок околу планираната офанзива во Рафа, град во јужна Газа преполнет со палестински бегалци. Премиерот Бенјамин Нетанјаху кажа дека израелската војска ќе тргне во најавената копнена офанзива, тврдејќи дека се подготвува план за евакуација на цивилите.

    Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон изјави дека над половина од населението на Газа е засолнето во таа област, додека Обединетите нации предупредија дека веќе нема безбедно место каде што би можеле да одат повеќе од милион Палестинци кои избегаа во Рафа. Хамас, кој управува со Газа, кажа дека би можело да има десетици илјади жртви ако Израел ја почне оваа офанзива.

    Од почетокот на војната на 7 октомври во Газа загинале повеќе од 28.100 луѓе.

    Нетанјаху го отфрли последниот предлог на Хамас за прекин на огнот и кажа дека ѝ наредил на војската да подготви евакуација на цивилите од Рафа.

    Победата ни е на дофат. Израелската војска ќе ги докрајчи преостанатите терористички баталјони на Хамас во Рафа. Израел ќе осигура безбеден премин за цивилите“, изјави Нетанјаху, додавајќи дека северно од Рафа има доволно безбедни области.

    Се верува дека во Рафа има околу 1,5 милиони Палестинци кои побараа засолниште од борбите во другите делови на Газа. Повеќето од нив живеат во шатори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира