НЕВАКЦИНИРАНИТЕ ВО АВСТРИЈА ОД УТРЕ НЕМА ДА СМЕАТ ДА ИЗЛЕЗАТ ОД ДОМА, ОСВЕН ДО ПРОДАВНИЦА И НА РАБОТА

    НЕВАКЦИНИРАНИТЕ ВО АВСТРИЈА ОД УТРЕ НЕМА ДА СМЕАТ ДА ИЗЛЕЗАТ ОД ДОМА, ОСВЕН ДО ПРОДАВНИЦА И НА РАБОТАПрекршувањето на карантинот ќе се казнува со парични казни до 1.450 евра. - Австрискиот канцелар Шаленберг со покраинските лидери (Фото: Твитер)

    Невакцинираните австриски граѓани ќе мора да живеат во карантин, се согласија канцеларот Александер Шаленберг и челниците на покраинските влади. Мерките ќе почнат да важат од утре.

    На Австријците кои не се вакцинирани против ковид-19 ќе им биде дозволено да ги напуштат домовите само за да купат основни работи, да одат на работа или на доктор. Ќе има случајни проверки за да се осигура почитувањето на мерките.

    Прекршувањето на карантинот ќе се казнува со парични казни до 1.450 евра.

    Канцеларот Шаленберг кажа дека ова се најслабите мерки, а покраините можат да воведат и построги мерки. Во Австрија речиси секој ден има нов рекорд на нови случаи на ковид-19. Вчера, властите регистрираа 13.000 нови случаи.

    „Со стапката на вакцинација што ја имаме, ќе останеме заглавени во опасен круг“, изјави канцеларот.

    Овие мерки ќе бидат во сила за првичен период од 10 дена и опфаќаат околу 2 милиона австриски граѓани. Досега, вакцинирани се околу 65 отсто од Австријците.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира