НЕВРЕМЕТО КОРНЕШЕ ДРВЈА ВО ГЕРМАНИЈА И УБИ СЕДУМ ЛУЃЕ

    НЕВРЕМЕТО КОРНЕШЕ ДРВЈА ВО ГЕРМАНИЈА И УБИ СЕДУМ ЛУЃЕБерлин беше погоден од ветрови со брзина од 120 километри на час (Фото: ДПА)

    Седум луѓе загинаа во налетот на невремето Ксавиер, предизвикувајќи хаос на патиштата во северна Германија.

    Властите на Хамбург ги предупредија жителите да не излегуваат од дома, откако силните ветрови корнеа дрвја и една жена загина во својот автомобил. И возач на кампион го загуби животот во Рошток, откако врз неговото возило падна дрво.

    Противпожарните екипи во Хамбург и во Берлин примија стотици позиви, откако Ксавиер продолжи да се движи кон северот на земјата со голема уништувачка сила, по што сврте кон Полска.

    Над 400 патници беа евакуирани од возот Амстердам-Берлин, откако тој навлезе во Германија и беа засолнети во едно средно ушилиште, а во пристаништето во Вилхелмсхафен, ветерот урна кран тежок над еден тон.

    Пред налетот на Ксавиер попушти и кран од еден тон во Вилхелмсхафен (Фото: АП)

    Берлин беше погоден од ветрови со брзина од 120 километри на час, што привремено ги стопираше сите летови на двата аеродрома и предизвика прекин во градскиот сообраќај, при што стотици луѓе останаа заглавени во возовите во градот.

    Уште четири луѓе загинаа, исто така во нивните возила, во регионот на Бранденбург, во близина на Берлин.

    Минатата година, Германија исплати 940 милиони евра на име на штети од невереме, а само ова лето, штетите се проценуваат на 600 милиони евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира