НИЕ ВАМ ВИ ЈА ДОЛЖИМЕ НАШАТА СЛОБОДА – СВЕТСКИТЕ ЛИДЕРИ ИМ СЕ ПОКЛОНИЈА НА ВЕТЕРАНИТЕ НА ДЕСАНТОТ НА НОРМАНДИЈА

    НИЕ ВАМ ВИ ЈА ДОЛЖИМЕ НАШАТА СЛОБОДА – СВЕТСКИТЕ ЛИДЕРИ ИМ СЕ ПОКЛОНИЈА НА ВЕТЕРАНИТЕ НА ДЕСАНТОТ НА НОРМАНДИЈАИ Трамп и Макрон дојдоа да им изразат благодарност на ветераните на Денот Д (Фото: АП)

    Стотици ветерани се собраа во Нормандија на вториот ден од одбележувањето на 75-годишнината од најголемата комбинирана копнено-воздушно-поморска операција во историјата, која помогна да се стави крај на Втората светска војна.

    Доналд Трамп им порача на американските ветерани дека се „гордост на нацијата“, откако дојде на службата на американските воени гробишта на плажата Омаха.

    „Вие сте меѓу најголемите Американци кои некогаш живееле и ќе живеат“, изјави Трамп.

    Стотици ветерани се собраа на церемонијата во француското гратче Бају (Фото: АП)

    Тој им се придружи на останатите светски лидери кои дојдоа да им оддадат почит на хероите на Денот Д на плажите на Нормандија, кадешто на 6 јуни 1944 година се истоварија 156.000 сојузнички војници.

    „Единственото нешто што можеме да им кажеме на овие луѓе е ‘благодарам‘. Тие припаѓаат на многу посебна генерација, генерација со нескршлив дух која го обликуваше поствоениот свет. И тие ги положија своите животи за да можеме ние да имаме подобар живот и да изградиме подобар свет“, изјави британската премиерка Тереза Меј.

    Таа го отвори новиот меморијал на Златната плажа, посветен на 22.442 британски војници кои загинале тука во лето 1944.

    Во своето обраќање до ветераните, францускиот претседател Емануел Макрон кажа дека сите ние „ним им ја должиме нашата слобода“.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари