НИКИ ЛАУДА ПОВТОРНО ЈА КУПИ СВОЈАТА БАНКРОТИРАНА АВИОКОМПАНИЈА „ФЛАЈ НИКИ“, ГИ ПОБЕДИ БРИТИШ ЕРВЕЈС И ИБЕРИЈА

    НИКИ ЛАУДА ПОВТОРНО ЈА КУПИ СВОЈАТА БАНКРОТИРАНА АВИОКОМПАНИЈА „ФЛАЈ НИКИ“, ГИ ПОБЕДИ БРИТИШ ЕРВЕЈС И ИБЕРИЈАНики Лауда го продаде „Флај Ники“ во 2011 година, но компанијата пропадна лани

    Легендата на Формула 1 Ники Лауда повторно го купи банкротираниот австриски авиопревозник „Флај Ники“, што го основа пред 15 години, за потоа да ги продаде акциите во 2011 година.

    „Лаудамоушн“, компанијата на 68-годишниот Лауда, ги победи најголемите ривали, вклучувајќи го и британско-шпанскиот конзорциум ИАГ што е сопственик на Бритиш ервејз и шпанската Иберија, во обид да ја спаси авиокомпанијата. Не беа објавени финансиските детали од понудата.

    „Флај Ники“ пропадна минатата година, како последица на финансиските проблеми на матичната компанија „Ер Берлин“, која, во меѓувреме, беше купена од „Луфтханза“ и од „Изиџет“.

    „Луфтханза“ направи обид да го купи и „Флај Ники“, но се откажа откако Европската комисија изрази загриженост дека со тоа може да се нарушат правилата на конкурентноста.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира