Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека ќе нема напредок во мировните преговори меѓу Русија и Украина сè додека тој и Владимир Путин лично не се сретнат.
„Ништо нема да се случи додека не се сретнеме со Путин“, рече Трамп пред слетувањето во Дубаи при неговата посета на Блискиот Исток, кога новинар на „Би-Би-Си“ го праша дали е разочаран со делегацијата која Русија ја испрати на преговорите во Истанбул кои ги закажа Путин за денеска но не дојде лично.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара, рече дека нема да присуствува на преговорите, туку ќе испрати висока делегација предводена од министерот за одбрана на Украина Рустем Умерон, од почит коn Трамп и Ердоган. Тој кажа дека „Русија не е сериозна за вистински преговори“.
Руската делегација ја предводи претседателскиот советник, Владимир Медински, а во неа се и Михаил Галузин, заменик-министер за надворешни работи, Игор Костјуков, директор на руското воено разузнавање, познато како ГРУ, или од неодамна како ГУ, една од најмоќните разузнавачки агенции во светот, и Александар Фомин, заменик-министер за одбрана кој учествуваше во преговорите за Украина во 2022 година.