НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА ЕКОНОМИЈА ЗА АМЕРИКАНСКИ ПРОФЕСОРИ ЗА МЕРКИ ПРОТИВ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ

    НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА ЕКОНОМИЈА ЗА АМЕРИКАНСКИ ПРОФЕСОРИ ЗА МЕРКИ ПРОТИВ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИПол Ромер и Вилијам Нордхаус создадоа модели со кои помогнаа во развојот на економскиот раст, борејќи се со климатските промени (Фото: Ројтерс )

    Вилијам Нордхаус и Пол Ромер ја добија Нобеловата награда за економија за 2018 година, за нивното истражување за климатските промени и за иновациите.

    Нордхаус, кој работи на Универзитетот Јеил, е познат по неговата работа за штетите кои ги предизвикуваат климатските помени, а Ромер кој доаѓа од Бизнис школата Стерн од Њујорк, е познат по истражувањето како економистите може да придонесат за здрава стапка на екомомскиот раст.

    Моделите кои ги создадоа Норхаус и Ромер помогнаа во развојот на економскиот раст, борејќи се со климатските промени.

    Според Шведската академија, тие ја однесоа макроекономијата на глобално ниво, за да се справат со некои од најголемите проблеми во светот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира